Бројот на загинати во силниот земјотрес што рано утрово ја погоди Италијасе искачи на 73, а околу 150 се повредени, соопшти Одделот за цивилна заштита на Италија. Земјотресот ги погоди градовите и селата во планинската област на Италија, што ја отежнува операцијата на спасување. 

Потресот го погоди централниот дел од Апенинскиот полуостров околу 3,30 часот, со магнитуда 6, а по него во 4,34 часот следел вториот удар магнитуда 5,4 и по него следеле повеќе од сто тресења на почвата од кои 55 биле посилни од магнитудата од 3.

Епицентарот бил на 10 километри југоисточно од Норчија, град во регионот Умбрија, околу 150 километри североисточно од Рим, објавија сеизмолозите. Покрај во италијанската престолнина, земјотресот бил почувствуван и во Фиорентина и во Болоња. Уривања се регистрирани во три италијански региона, Лацио, Умбрија и Марка.

Италијанскиот претседател Серџо Матарела ги повика сонародниците да покажат солидарност со оние кои ги погоди земјотресот, нарекувајќи го „момент на болка и повик на заедничка одговорност“. Им се заблагодари на локалните власти и единиците на нивната самопожртвуваност во текот на операциите за спасување, вклучително и полицијата, пожарникарите и војската, како и волонтерите.

Европската унија, како и одделно Франција, искажа подготвеноста да ѝ се помогне на Италија во справувањето со последиците од земјотресот, изјави комесарот на Европската комисија за хуманитарна помош и управување со криза, Христос Стилианидес. Координационите центар за одговор на вонредни ситуации на ЕК го следи развојот на ситуацијата, и е во контакт со италијанските власти околу потребната помош, додаде комесарот.

OhridNews