Бројот на лица кои побарале медицинска помош во Русија како последица на метеорскиот дожд, кој ја погоди областа Чељабинск, 1.500 километри од Москва, се искачи на над 700, соопшти руското министерство за внатрешни работи.
Повеќето повредени се од скршени прозорци на стотици објекти како последица на силната експлозија, која предизвика паника меѓу населението.
Очевидци наведуваат дека куќите се треселе, прозорци се кршеле, а во прекин била и телефонската комуникација.
Од канцеларијата на гувернерот на регионот Урал наведуваат дека добиле повици од многу повредени граѓани и пријави за материјални штети, но засега нема точни податоци колкава е материјалната штета.
Најголем дел од повредените минале се полесни повреди, а засега има информации дека само тројца пациенти се потешко повредени.
Министерството за вонредни ситуации ги отфрли наводи дека станува збор за експлозија или пад на воен авион.
OhridNews
извор: „Макфакс“
фото: „МИА“