Натпреварот помеѓу Кошаркарскиот клуб АВ Охрид и Кошаркарскиот клуб Босна Ројал кој треба да се одигра утре (среда) во 17 часот во рамките од деветтата рунда во регионалната Втора АБА лига најверојатно нема да се одигра.

Информацијата за Ohrid News ја потврди спортскиот директор на АВ Охрид, Марјан Бошалески кој синоќа и денеска разговарал со преставникот од Босна Ројал, Горан Периќ кој потврдил дека тимот нема да отпатува за Охрид. 

Но, за официјално мечот да биде откажан и бодовите да му бидат доделени на „галебите“ ќе треба амин и официјално соопштение од челниците на АБА лигата кои до сега го нема известено охридскиот состав.

Евентуалната пауза поради новонастаната ситуација добро ќе им дојде на охридските кошаркари во пресрет на двата завршни натпревари во Првата лига за есенската полусезона.

OhridNews