Општа едукација за стрелаштвото од олимпијката Нина Балабан, пукање со воздушна пушка, турнири во фудбал и кошарка и алпинистички активности имаа на програмата учесниците на Вториот спортски-едукативен камп „Охрид 2017“ во организација на Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“.

– Мило ми беше што можев да учесниците на кампот да им го преставам стрелаштвото како спорт и да им го пренесам искуството. Со оглет дека станува збор за пукање со оружје интересот беше голем, што мене ме радува. – изјави Нина Балабан.

Учесниците на кампот на шестиот ден ќе имаат посета на манисторот Св. Наум, а во попладневните часови ќе имаат спортски активности меѓу кои карате и кендо, нетбол, реквизити во вода и хокеј на трева.

OhridNews