Ракометното езерско дерби што се одигра во рамки на 13 коло од Супер лигата, вечерва во салата Билјанини извори, заврши без победник.

Во неизвесна завршница традиционалните ривали Охрид и Струга одиграа 22:22.

Струга беше поблиску до победата. Гостите на полувреме водеа 11:14. Охрид во вториот дел резултатски успеа да се врати, во финишот поведе и имаше напад за +2 кој не го реализира. Струга израмни а го имаше и последниот напад кој не успеа да  го претвори во победа.

Пред почетокот на Езерското дерби ГРК Охрид награди тројца симпатизери со оригинален дрес

Најефикасни на мечот со по 5 погодоци беа Крсте Андоновски и Дејан Шешиќ кај Охрид,  односно Ненад Костовски кај Струга.

Фото галерија:

Езерското дерби без победник 

OhridNews
Фото: А.Момироска