Без победник заврши дерби натпреварот помеѓу Охрид и Вардар, што се играше на стадионот “Билјанини извори”, во рамки на 16 коло од Втората фудбалска лига Запад.

Првото полувреме во кое на теренот речиси и да немаше поголеми возбудувања и изгледни прилики за промена на резултатот, го одбележа инцидентoт што го предизвикаа симпатизерите на Вардар, Комити, кои во еден момент ја срушија оградата која ги разделуваше од неутралната публика и се судрија со неа.

“Комити” ја пробија заштитната ограда

Интервенираше полицијата, а натпреварот беше во прекин околу десет минути.

Ниту второто полувреме не донесе промени во резултатот, се играше тврдо со многу прекини.

Во таквата игра впечаток е дека домаќините беа поблиску до постигнување гол, бидејќи во два наврати преку контра напад, напаѓачите на Охрид имаа стопостотни шанси кои не успеаја да ги реализираат.

“Рибари” во елемент

Фаворизираниот Вардар иако имаше навидум повеќе од играта, јалово напаѓаше, а единствениот шут во рамките на голот домаќините успешно го запреа

По натпреварот фудбалерите на Охрид за пожртвуваната игра беа поздравени со аплауз од охридската публика и навивачката група “Рибари” која и денеска им беше силен ветер во грб.

Г. М

Гото: А. Момироска