Во рамки на фестивалот „Охридско лето“, вечерва, со почеток во 21 часот на сцената на Долни Сарај ќе се изведе балетската претстава „ 14 часа“. Учествуваат членовите на Ансамблот на македонскиот балет при МОБ , а музиката за претставата ја има напишано Кирил Џајковски.
Настапуваат: Александра Мијалкова, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Дафина Данилоска, Васил Чичијашвили (Грузија), Бобан Ковачевски, Игор Веланоски, Јан Кисилев, Агим Бафтии, Иван Бојко(Украина).
Кореографија и сценографско идејно решение е на Игор Киров, режија и либрето: Наташа Поплавска, костимограф: Александар Ношпал, ас. кореограф: проф. м-р Тања Вујисиќ – Тодоровска, м-р Олга Панго, главен педагог, репетитор и менаџер на МОБ: проф. м-р Тања Вујисиќ –Тодоровска.
OhridNews