Министерството за внатрешни работи засега нема информации дека лицата кои во четвртокот биле уапсени во Куманово се поврзани со инцидентот што се случи во вторникот во Гошинце.
Меѓу двајцата уапсени нема полициски службеник, а при претресот што го направила полицијата во три објекти најдени се и четири пакувања од по 200 грама ТНТ експлозив.
„Вчерашната акција засега не ја поврзуваме со терористичкиот напад во Гошинце, меѓутоа е дел од редовната работа на полицијата и ќе се оди кон изведување на евентуално нови докази, обезбедување на искази од лицата кои се приведени и добивање на дополнителни информации во однос на сето тоа што е најдено при претресите“, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Јанкулоска ги негираше информациите објавени во некои медиуми дека имало престрелка во Сарај или дека униформирани лица влегле во селото и апелираше медиумите да објавуваат проверени информации.
Иако сериозноста на инцидентот во Гошинце не е за потценување, Јанкулоска уверува дека полицијата си ја работи својата работа.
„Сакам да им порачам на граѓаните дека службите надлежни за нивната безбедност ја вршат својата работа, соодветно реагираат и имаат капацитет за извршување на своите редовни задачи“, изјави Јанкулоска.
Таа не даде конкретни информации за тоа до каде е истрагата за инцидентот што се случи во Гошинце, кога униформирани вооружени лица ја зазедоа полициската станица и привремено заробија четворица полицајци кои биле дежурни.
„Преземени се и се преземаат бројни истражни дејствија. Земајќи ја во предвид сериозноста на овој случај проценка на обвинителот, но и наша проценка е дека објавувањето на делови од истрагата во оваа фаза би можело да наштети во нејзиното продолжување и апелирам за дополнително трпение за да успееме да ги завршиме сите активности кои се потребни и да излеземе со информации кои ќе бидат поткрепени со материјални докази“ изјави Јанкулоска.
Високи претставници од МВР деновиве се сретнаа со своите колеги во Косово и разменија информации за инцидентот, Јанкулоска очекува поддршка и соработка, како и евентуална потврда или елиминација на она што го има како можно сценарио за тоа како течеле настаните и што се случило.
OhridNews
Извор:„Макфакс“