Бојкотот на учениците од средните училишта „Св. Климент Охридски, и „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид, продолжува и денес во исчекување на резултатите од средбата на средношколскиот пленум со претставници на Министерството за образование што треба да се одржи денеска Скопје.
Во Охрид деновиве осамнаа и плакати од охридските средношколци на кои министерот Адеми е „осуден“ на средба.
Во знак на поддршка на своите врсници од Скопје кои неколку дена кампуваат пред Министерството за образование, претставници на охридските средношколци отпатуваа во главниот град каде ќе се придружат на средношколскиот камп.
-Патувањето го потпомогна средношколскиот пленум. Ќе кампуваме се додека не се изнајде компромис помеѓу двете страни, а веднаш по постигнување на заедничко решение се враќаме назад со организиран превоз.– изјавија за OhridNews охридските средношколци кои денеска отпатуваа во Скопје.
Средношколците бараат враќање на стариот концепт на матура и суштински промени во екстерното тестирање.
OhridNews