На 8 август во конфликтната 2001 година армиски конвој составен од пет возила и 120 резервисти наиде на заседа кај месноста Карпалак.

Во одбрана на независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на државата загинаа: Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Горан Миноски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушидоски и Пеце Секулоски, сите од резервниот состав на АРМ од гарнизонот Прилеп.

Во нивна чест во 2013 година во Прилеп беше поставен споменик „Прилепски бранители“.

До денес не е утврдена одговорност и никој не одговараше за масакрот кај Карпалак.

Делегација од Кабинетот на Претседателот на Македонија , по повод 19-годишнината од загинувањето на 10 армиски резервисти кај месноста Карпалак, денеска положи цвеќе пред спомен-плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје и пред комплексот „Карпалак“ во Прилеп.

Во понеделник, 10 август 2020 година, делегација од Кабинетот на Претседателот ќе положи цвеќе пред спомен-обележјата во општина Ѓорче Петров, пред спомен-обележјето во село Љубанци, и во касарната „Илинден“ во Скопје, по повод 19-годишнината од загинувањето на осум армиски резервисти кај месноста Љуботенски бачила, скопско.

OhridNews