Врската на нуклеарната централа во Запорожје, во јужниот дел на Украина, што е под руска контрола од почетокот на март, со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), повторно е воспоставена. Информацијата ја соопштија украинските власти и агенцијата на Обединетите Нации.

Врската беше прекината на 30 мај, кога Русите го блокираа украинскиот оператор за мобилна телефонија Водафон во Енергодар, локацијата на електраната што има договор со МААЕ за пренос на податоци, соопшти украинскиот оператор Енергоатом.

Благодарение на заедничките напори на Енергоатом и Водафон, во петокот е воспоставена врска меѓу серверот за надзор на нуклеарната локација и МААЕ, се појаснува во соопштението.

МААЕ потврди за обновување на „преносот на податоци“.

OhridNews