Паузата во македонскиот фудбал поради пандемијата на коронавирусот, Јавното претпријатие Билјанини Извори ,ја  искористи да го обнови и санира тревникот од популарниот „главен терен“ на спортско рекреативниот центар.

Забраната за одржување на фудбалски натпревари и тренинзи ја искористивме за обновување и санирање на тревникот. Обновени и санирани се 1000м2 тревна површина. Со активностите на теренот ги подобривме условите за тренирање и играње на Градскиот стадион. – велат од ЈП Билјанини Извори.

Фудбалскиот клуб Охрид е домаќин на СРЦ „Билјанини Извори“, но теренот во летниот и зимскиот период го користат многу екипи кои доаѓаат на подготовки во нашиот град.

OhridNews