По подолго време покрај искрените љубители на фудбалот и оние кои го засакаа по отворањето на спртските обложувалници, Лига на шампиони ќе гледаат во домашен амбиент.
Причината не е дека првите ги убедиле вторите во спортскиот аспект на играта туку поради фактот што обложувалниците во Охрид неколку дена се под клуч заради немање лиценци за работа.
Пасионираните играчи на спортска кои нервозно проверуваат евентуално да не е отворена некоја од познатите градски обложувалници, деновиве мора да се помират со чекањето во ред пред тесните продавнички на некогаш државната лотарија.
Во мај Владата го измени Законот за игри на среќа со што обложувачниците требаа до крајот на август да се пререгистрираат во трговски друштва со поволна можност за основачки капитал кој од 2,5 милиони евра беше намален на 200 илјади евра и 300 илјади евра банкарска гаранција. Од мај до крајот на август на организаторите на игри на среќа и на спортско обложување им беше даден преоден период кој според министвотото за финсии , бил доволно долг тие да се приспособат на барањата на новиот закон.
Министерот Трајко Славески информираше дека само една обложувалница од Охрид до владата доставила барање за лиценца со целосни документи за кои веќе била донесена позитивна одлука. Очекуваме дека сите кои се сериозни да приредуваат игри на среќа ќе ги задоволат законските барања кои се транспарентни и еднакви за сите, истакна министерот Славески.
Г. Момироски