Водечките британски обложувалници објавиле дека дека ги одбиваат опкладите за евентуален атентат на идниот претседател на САД, Барак Обама.


Обложувалниците „William Hill“ објавиле дека примиле повеќе стотици барања за обложување дека ќе има атентат врз Обама, но дека компанијата не е заинтересирана.

Од таму додаваат дека таквите обложувања не се забранети, но „дури и обложувалниците мораат да имаат морални обѕири“.

Само неколку дена пред изборите беа уапсени двајца симпатизери на нацизмот поради сомневање дека спремаат  атентат врз Обама.