Обложувалницата Педи Пауер станала спонзор на една католичка црква во Ирска, и донирала 10 илјади фунти за реновирање на црквата во која ќе има рекламен простор за обложувалницата. Како што стојат работите во градчето ЊуМаркет во Ирска, познато по коњските трки, уште малку најверојатно ќе може да се чуе и нешто во стилот на „Оваа молитва ви ја овозможи обложувалницата Педи Пауер“.


Имено претставници на црквата го прашале менџерскиоот тим на обложувалницата дали сакаат да бидат спонзор на еден настан со кој би се собрале пари за реновирање на црквата. Претставниците на обложувалницата одговориле дека би биле спонзор, доколку цркавата дозволи да го стават логото на обложувалницата во неа. Резултат на овој разговор била реновирана црква со лого на спортската обложувалница.