Додека дел од луѓето се обложуваат колку да им биде интересен натпреварот, некои одат до таму што ги проучуваат судиите кои ги судат мечевите и тоа дали имале лесна рака при покажувањето на жолти картони, или дали лесно свиреле пенали.
Според обложувлниците најголем фаворит за освојување на титулата е Германија со коефицинет 5. или во превод. Ако уплатите 100 денари на Германија ќе добиете 500. По Германија следува Шпанија со 6.50, Италија и Португалија со 8 коефициент додека најмали шанси за освојување на трофејот им се даваат на ко–домаќините Австрија 150.
Листа за најдобар стрелец со коефициент 8.50 ја предводи најдобриот стрелец од минатото СП во Германија, Мирослав Клосе. По него следуваат Роналдо и Фернандо Торес со коефцинет 9, додека Лука Тони има коеф 9.5. Највисок коефицинет 150 за најдобар стрелец има хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ.
Реални или не коефицинетите кои се нудат се примамливи. Психолозите токму сега најмногу предупредуваат, тенка е границата помеѓу забавата и зависноста од обложувањето,