Во Долби театарот во Холивуд по 90ти пат се доделија најпознатите филмски награди Оскар. На почетокот, водителот Џими Кимбел вети дека годинава нема да се повтори минатогодишната грешка со погрешниот плик за најдобар филм. Годинава дури девет филмови се натпреварува за најдобар филм, а најголем фаворит беше филмот „Обликот на водата “ на Гиљермо дел Торо, кој имаше 13 номинации. Зад него беше филмот „Данкирк” со осум и „Три билборди пред Ебинг, Мисури” со седум номинации.
Во категоријата звук и монтажа на звук пет исти филмови беа номинирани во двете категории, а оскарот во двете категории замина кај екипата на „Данкирк“, која го доби и оскарот за најдобра филмска монтажа. Годинава светски познатиот кошаркар Коби Брајант се закити со оскар за краткиот анимиран филм „Драга кошарко“, снимен за неговото заминување од теренот. Оскарот за најдобро адаптирано сценарио го доби филмот „Викај ме по име“, а за оригинално сценарио, филмот „Бегај“.
За најдобра машка споредна улога е прогласен Сем Роквел за „Три билборди надвор од Ебенинг, Мисури“, кому ова му е прва номинација и прв оскар. Оскарот за најдобрата женска споредна улога и припадна на Алисон Џејни за улогата на мајката на Тоња Хардинг во „Јас, Тоња“, (првата лизгачка која го изведе и воведе во уметничкото лизгање тројниот скок), филм снимен по вистински настан за скандалот од 1994 година кога Хардинг физички ја нападна ривалката Ненси Кериган.
За најдобар странски филм е прогласен филмот „Фантастична жена “, од Чиле, оскарот за најдобри визуелни ефекти и најдобра филмска фотографија отиде кај филмот „Блејд ранер 2049“. Најдобра оригинална музика има филмот „Обликот на водата“, а оригинална песна е „Сети се на мене“ од анимираниот филм „Коко“ кој доби оскар за најдобар долгоментражен анимиран филм. Како што и се очекуваше Гиљермо дел Торо се закити со оксарот за најдобра режија. Оскарот за најдобар актер во главна улога заслужено му припадна на Гери Олдман за генијалниот портрет на британскиот премиер Винстон Черчил на почетокот на мандатот во филмот „Пресуден час“, кому ова му беше втора номинација и прв оскар. Кај жените, триумфираше Френсис Мек Доманд за „Три билборди пред Евинг, Мисури“, за улогата на мајката која трага по убиецот на нејзината ќерка поставувајќи билборди низ градот. Френсис веќе доби оскар за главна женска улога во филмот „Фарго“. Мерил Стрип годинава ја имаше нејзината 21 номинација за оваа категорија, што е апсолутен рекордер за една актерка во оваа категорија. Медиумите оваа категорија веќе ја нарекоа оваа категорија „номининација на 4 актерки и Мерил Стрип“.
И секако, најголемото исчекување беше најважната категорија, филм на годината, а презентери годинава повторно актерите Феј Данавеј и Ворен Бити, иако минатата година згрешија при прогласувањето за најдобар филм. За да не се повтори минатогодишната грешка, имињата на сите категории на пликовите беа испишани со зголемени букви. Феј и Ворен се пошегуваа на своја сметка дека оваа година им е дадена шанса да ја исправат грешката. И точно го прочитаа името на победникот „Обликот на водата“.
Дизајнерот Дерек МекЛејн повторно го осмисли изгледот на сцената, и се погрижи таа да изгледа спектакуларно украсена со 45 милиони Сваровски кристали. Годинава за првпат и дел од публиката имаше улога на најавувач на презентерите. Во салата каде се наоѓаше публиката составена од оние кои имале среќа да добијат билети за Оскарите, само еден беше одбран да ги најави презентерите. Традиционално и годинава им беше одадена почит на големите филмски имиња кои заминаа во изминатата година.
OhridNews