Хрватот Крунослав Будиселиќ го соборил гинисовиот рекорд облекувајќи 245 маици за помалку од два часа. Претходнот рекорд го држел еден швеѓанец, кој облекол седум маици помалку. Дека облекувањето маици не  е лесна работа, покажале и последните два обиди за рушење на рекордот кои доживеале дебакл.


Во еден од претходните обиди поради притисокот на градите дошло до гушење на човекот кој се обидувал да го сруши рекордот и помагачите морале да ги пресечат маиците. Хрватот е сопственик е на седум Гинисови рекорди и му недостасуваат уште два за да влезе во топ десет сопствениците на рекорди.