Најмалку сто лица учествувале во тепачката со перници од пердуви пред црквата Санта Мариа Трастевере во центарот на Рим, и така го обележале Меѓународниот ден на борба со перници. Учесниците во борбата најпрво се наредиле едни наспрема други, а потоа почнале да ги изведуваат своите „најопасни“ потези со перници, кога во 16 часот се огласиле црковните ѕвона.
После околу 20 минути жестока борба, во која во воздухот летале облаци од пердуви, борците го положиле оружјето и легнале на него, пренеле медиумите. Меѓународниот ден на борба со перници бил востановен во 2008 година.