Според прогнозите, времето во Македонија денес ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Претпладне врнежите ќе бидат во западниот дел од земјата, а во попладневните часови врнежи со слаб и умерен интензитет ќе се прошират насекаде. Ќе дува слаб претежно југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 16 до 23 степени.
Од утре па се до крајот на продолжениот празничен викенд нашата земја ќе биде под влијание на неколку влажни воздушни бранови од Медитеранот. Времето ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни, особено на југ каде што ќе бидат проследени и со ретки грмежи. Утре врнежите ќе продолжат и преку ноќта и на повеќе места ќе наврнат над 20 литри на метар квадратен.
OhridNews