Облакодер висок 138 метри во облик на џоновска крофна, со 33 ката, е завршен во кинескиот град Гуангџо. Тој објект, сместен на брегот на Босерната река, е дело на италијанскиот архитект Џозеф ди Пасквале од миланското биро “AM Project” и претставува ново седиште на компаниите “Guangdong Hongda Xingye Group” и “GDPE Guangdong Plastic Excange”. Архитектот Пасквале рекол дела архитектонскиот концепт е таков што веднаш ќе биде доживуван како матичен кинески ориентир, со користењето на затворена и централна структура наместо вообичаениот стереотип за небодери во стилот на западот.
Круг со пречник од 50 метри е во центарот на оваа структура од 33 ката, претворајќи ја зградата во шуплив прстен, кој на многумина им изгледа како крофна. Одразот на небодерот во реката дава фигура на бројот осум, кој е среќен број во кинеската култура и математички симбол за бесконечност. Предните и задните ѕидови се обложени со бакарни плочи, додека искривените странични ѕидови се поделени во застаклени праволиниски кутии.