Француското архитектонско студио Шартие-Корбасон, во соработка со британското студио ВС, претставило план за иградба на облакодер од „отпад“ кој го направиле идните станари. Првиот еколошки облакодер ќе се појави во Лондон, и во целина ќе биде обложен со плочи од рециклирана хартија и пластичен отпад. Облакодерот би “растел“ со времето, во зависност од тоа колку отпад ќе направат идните станари, а архитектите очекуваат дека фасадата би требало да биде готова за година дена. Со изградбата на ваква зграда би се намалила количината на отпад, како и трошоците за изградба. Иницијалниот костур на зградата би бил направен од цевки кои потсетуваат на скеле од бамбус, а во кои подоцна би се вградувале рециклирани елементи.
На кровот на небодерот би се поставил погон за рециклирање, додека во дворот би се наоѓал двор за собирање различни материјали, како што се стакло, пластика и хартија. Кога ќе биде завршен, небодерот би требало да има изглед на тесна и висока пирамида исполнета со проѕирни панели од рециклирано стакло и пластика, како би се овозможило максимално влегување на дневна светлина во животниот простор. Во конструкцијата се предвидени и мини ветро-електрани, заради производство на енергија за напојување на лифтовите и обезбедување на осветлувањето.