Селекцијата на Словенија, направи чекор назад во борбата за водечките  позиции во групата Г, откако во Скопје претрпе пораз 2-1 од селекцијата на Македонија. Словенците не одиграа ништо посебно а Македонија ја заслужи победата и трите бодови кои ја лансираа на третата позиција на табелата од групата.

  • Мора да бидеме искрени и да признаеме дека не одигравме како што се договоривме. Но, сега немаме избор освен да ги кренеме главите и да покажеме подобра форма на следниот меч. Игравме тврдоглаво на моменти, а тоа не беше потребно. Ако ова што го кажувам е вистина, тогаш ќе мора тоа да го потврдиме в недела. Мислам дека можеме заедно, со чисти глави, да ја победиме Австрија. – изјави голманот Јан Облак.

Членот на Атлетико Мадрид, имаше неколку добри интервенции но неможеше да излезе на крај со Елиф Елмас кој ги постигна двата погодици за нашата селекција. Словенија во финишот со гол од пенал го ублажи поразот.

OhridNews