Променливото време и краткотрајните врнежи од дожд вчера околу пладне, предизвикаа верижна реакција. Речиси истовремено се испразнија сите плажи во Охрид, а река автомобили се сливaше кон градот. Најгусто беше на булеварот „Туристичка“ каде возилата се движеа со брзина на пешаците.


Ваквата слика во Охрид редовно се повторува секоја сезона. Градот се уште нема соодветна инфраструктура. Не е изграден бул. „Железничка“, ниту источната обиколница. Иако е неопходност, засега не се размислува за дислокација на регионалниот пат кон Св. Наум, а кон Охрид се уште не води ниту еден автопат.

ОhridNews
фото: Васко Бујароски