Променливото и облачно време викендов ги испразна плажите на охридското крајбрежје и ги наполна кафулињата и рестораните низ градот. Најраздвижено е на кејот од езерото, чаршијата и стариот дел од градот каде бројни туристи ги искористија пониските температури за обиколка на културно- историските споменици.
Во моментов во Охрид најбројни се туристите од Белгија, Холандија, Полска, како и гостите од соседството.
OhridNews