Времето денеска ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови (над 20 литри на квадратен метар) и проследени со засилен јужен ветер, особено во Повардарието. Во попладневните часови врнежите постепено ќе престануваат.
Максималните температури ќе бидат во интервал од 12 до 16 степени.
Во Охрид , претежно облачно со повремен дожд. Попладне, врнежите ќе престанат. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.
Во следните денови ќе преовладува стабилно време со појава на утринска магла и со умерен, на места засилен ветер претежно од јужен правец. Утринските температури ќе бидат позитивни, а дневните во значителен пораст.
OhridNews