Времето денеска ќе биде  облачно со повремени врнежи од дожд и снег, во западните и јужните делови пообилни (над 30 l/m2).

На планините и на повисоките места, претежно во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Максималната температура во Охрид ќе достигне 3 степени.

Во понеделник нНаутроќе биде облачно со слаб локален дожд и снег. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура во Охрид ќе се спушти до 2 степени,  а максималната ќе достигне 5 степени.

Г.М.