Времето денеска ќе биде облачно со врнежи претежно од снег, а долж Повардарието од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во претпладневните часови. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6 степени.
Во Охрид облачно со врнежи од дожд и снег. Минималната температура до 0, а максималната температура ќе достигне до 4 степени.
Утре ќе се задржи претежно облачно и студено време, со повремени врнежи претежно од снег, а долж Повардарието од дожд и снег. Од вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурите ќе се задржат значително под просекот за овој период од годината, велат од УХМР.
OhridNews