Претежно облачно со врнежи од дожд, наместа пообилни, а на планините и на повисоките места од снег, особено претпладне. Поради продор на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер (над 75 km/h) и врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. На планините висината на снежната покривка позначително ќе се зголеми. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од -1 до 8 степени.
Во Охрид претежно облачно со врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 5 степени.
Преодно стабилизирање на времето ќе има утре. Од понеделник под влијание на циклонска активност и студена воздушна маса од север се очекуваат нови врнежи претежно од снег и ќе се формира снежна покривка и во пониските места.
OhridNews