Претежно облачно со локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места особено на северозападот од снег. Врнежите повремено ќе бидат пообилни во западните делови и ќе продолжат со помал интензитет и преку ноќта. На планините дополнително ќе се зголеми снежната покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8, а максималната ќе достигне од 2 до 10 степени.

Во Охрид облачно со врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 7 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Од недела и во деновите потоа наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на ретки грмежи. Во недела ќе дува засилен до силен јужен ветер (над 60 km/h).

OhridNews