Наутро облачно со слаб локален дожд и снег особено во јужните делови од земјата. Попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 0 до 8 степени.
Во Охрид облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 5 степени.
До средината на неделата времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините, а постојната снежна покривка постепено ќе се намалува. Наоблачување од запад со појава на повремен дожд, а на планините и дел од повисоките места од снег ќе има од среда од крајот на денот и потоа во четврток преку денот.
OhridNews