Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, наутро во западните, а потоа и во северните делови, а на планините снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, понекаде со брзина од над 70 километри на час. Ветерот ќе биде најизразен долж пошироко Повардарие и на повисоките места.
Максималната температураќе достигне од 9 до 17 степени.
Во Охрид ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Максималната температура ќе достигне 11 степени.
OhridNews