Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини на северозапад повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура во Охрид ќе достигне до 9 степени.

Во понеделник се очекува променливо облачно време со повремен слаб локален дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура во Охридсакиот регион ќе се спушти до 2 степени, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Г.М.