Времето денеска ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне 10 степени.

Во среда ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. По одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Минималната температура ќе се спушти до 3 степени, а максималната дневна ќе достигне 10 степени Целзиусови.

OhridNews