Времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен до северозападен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури ќе се движат од минус 4 степени до нула степени, а дневните од нула до 10 степени.

Во Охрид времето денес променливо облачно со повремени локални врнежи претежно од дожд и снег. Утринската температура ќе биде нула степени, а дневната ќе достигне до 5 степени.

Во следните денови ќе се задржи умерено до значително облачно и студено со повремени локални врнежи претежно од снег. Од вторник ќе дува умерен, а вдолж Повардарието до повремено засилен претежно северен ветер. Температурите ќе се задржат пониски, а од среда ќе бидат и значително под просекот за овој период од годината, велат од УХМР.

OhridNews