Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни. До крајот на денот на планините над 1500 м.н.в врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 9, а максималната од 9 до 16 степени.
Во Охрид променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Денеска и во вторник претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни. Поради продор на студена воздушна маса, во текот на ноќта кон вторник и во вторник претпладне на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег, а снег ќе провејува и на некои пониски места во западните и северните делови. Ќе дува засилен северен ветер, што ќе предизвика значително намалување на температурата. Поради разведрувањето, во среда и четврток утринските температури насекаде ќе бидат негативни, велат од УХМР.
OhridNews