Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 15 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура во Охрид ќе достигне 9 степени.

И утре не очекува променливо облачно време по котлините со појава на магла и ниска облачност. Во југоисточните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура во Охрид ќе се спушти до 1 степен, а максималната ќе достигне 8 степени.

Г.М.