Претежно облачно време ќе преовладува денеска во државава. Попладне од западните кон централните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец кој ќе биде поизразен вдолж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени.

Во Охрид променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Во следните денови ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд, а на планините ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен јужен до југозападен ветер. Во среда ќе има краткотрајна стабилизација на времето, а потоа повторно се очекува нова краткотрајна нестабилност, велат од УХМР.

OhridNews