Продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време. И за денеска асе најавуваат повремени врнежи од дожд, особено попладне. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2), појава на грмежи и засилен ветер, информира УХМР.
Максималната температура во Охрид ќе достигне 12 степени.
И во недела ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, особено во попладневните часови. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 6 степени, а максималната ќе достигне 12 степени.
Г.М.