Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои во вечерните часови локално ќе бидат пообилни, над 20 литри на метар квадратен.

Како што соопшти УХМР, поради спуштање на значително постудена воздушна маса во ноќните часови ќе почне да дува засилен северен ветер и врнежите на планините и на некои повисоки места ќе преминат во снег, но ќе слабеат по интензитет.

Минималната температура во Охрид ќе се спушти до 3 степени, а максималната ќе достигне до 14 степени.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и студено време со засилен, повремено силен ветер, над 80 километри на час од северен правец. На повисоките места и на планините ќе има слаби локални врнежи од снег, особено во сабота.

OhridNews