Облачно и ветровито време ќе преовладува денеска во земјава. Во утринските часови ќе има магла по одделни котлини, а преку ден во западните и југозападните делови ќе има зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната од 13 до 18 степени.

Во Охрид ќе преовладува претежно облачно време. Минималната температура од 4, а максималната ќе го достигне 14 степен.

Во следните денови, во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а преку ден ќе преовладува сончево време со променлива облачност. Појава на слаб локален дожд се очекува во четврток.

 

OhridNews