Времето денеска во државата ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и обилни дури и над 35 литри на квадратен метар, а во југоисточните делови е можна и појава на грмежи.
Ќе дува умерен ветер од источен и североисточен правец, особено долж Повардарието каде претпладне ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 16 степени.
Од утре следува стабилно време со утринска магла по одделни котлини, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
OhridNews