Времето во земјава ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 20 л/м2) проследени со засилен северен ветер. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 см. Врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места.
Утринската температура ќе се движи од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Охрид, облачно и студено со врнежи од дожд со засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 4, а дневната ќе достигне до 5 степени.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со локална појава на краткотраен дожд, а дневните температури ќе бидат во пораст, велат од УХМР.
OhridNews