Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од снег, а долж Повардарието од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во ноќните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.

Во Охрид облачно со повремени врнежи од дожд и снег. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 4 степени.

УХМР информира дека и во наредните денови ќе се задржи претежно облачно и постудено време со повремени врнежи снег и дожд. За време на викендот врнежите наместа ќе имаат пообилен карактер (локално над 30 л/м2). На планините снежната покривка позначително ќе се зголеми (20 до 30 см), а нова ќе се формира и во некои пониски места. Температурите ќе бидат под просекот за овој период.

OhridNews