Утрото ќе биде многу студено, преку денот сончево со мала до умерена, а во североисточните делови со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -16 до -3, а максималната ќе достигне од -2 до 7 степени.

Во Охрид претежно облачно време. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната до 0 степени.

Во следните два дена ќе се задржи стабилно и суво време со пораст на утринските и дневните температури. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено изразен во сабота. Во петок кон крајот на денот и во деновите од викендот ќе има повремени слаби локални врнежи од снег.

 

OhridNews