Утрово во Охрид измерени се 9 степени Целзиусови. Во текот на ноќта наврнале 7 литри дожд на метар квадратен, додека најмногу дожд наврнал во Виница 28 л/м2, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето денеска променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Во западните делови ќе дува засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 степени. Во Охрид до 15 степени.
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, освен во недела кога ќе биде претежно стабилно и потопло. Утре, особено во источните делови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Во сабота ќе дува засилен северен ветер.
Г.М.