Ова лето во киносалите доаѓа еден од очекувание фимови на годината „The Legend of Tarzan“ во кој главната улога ја имаат Маргот Роби и Александер Скарсгард. Деновиве во медиумите беа објавени и првите промо фотографии како и трејлерот за филмот.
Приказната го опфаќа враќањето на Тарзан во џунглата, неколку години по навикнувањето на лондонскиот живот. Режисер на филмот е Дејвид Јејтс.
„The Legend of Tarzan“ е уште еден голем наслов што во 2016-та ќе излезе од Warner Bros, заедно со „Batman V Superman: Dawn of Justice“, „Suicide Squad“ и спин-офот на „Harry Potter“ – „Fantastic Beasts and Where to Find Them“.
OhridNews