Екипа на Објектив триумфираше на баскет турнирот, кој викендов се одржа во спортската арена „Билјанини Извори“.
Тимот составен од охридско-струшки кошаркари Наумче Мацкоски, Влатче Георгиевски, Здравко Танески и Игор Џикоски во неизвесно и драматично славеше победа над Фаворити 25-22.
Во натпреварот за третото место екипата на „Лук“ го совлада Ликвид со тесни 12-11.
На турнирот учествуваа девет екипи (Фаворити, Ликвид, Бигест, Пештани, Екоспар, Лук, Бејбунар, Волци и Објектив).
– Пред се сакам да ја поздравам и поддржам иницијативата на Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ и менаџерот Весна Балазоска за организација на турнир во баскет. За нас како фанатаци на кошарката ова беше вистинско уживање – рече капитенот на „Објектив“, Мацкоски.
Мх.П.