Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот за прием на студенти од повисоките години во државните студентски домови во земјата.

На располагање беа вкупно 6058 места во 13 студентски домови во Скопје, Битола, Прилеп, Штип, Охрид и Пробиштип. Од нив, 4848 места се наменети за студентите од повисоките години, додека 1210 ќе им припаднат на бруцошите.

OhridNews