По објавувањето на репортажата за Охрид во словенечкиот магазин за туризам „Ревија Хоризонт“, како резултат на реализираната промотивна тура „ Охрид 2015“ објавени се репортажи за Охрид во јунскиот број на списанието „ГЛОБЕР“ кое се дистрибуира во авионите на компанијата „ Атласглобал“ кои летаат до престижни турски градови како и до Париз, Лондон, Келн, Амстердам, Дизелдорф. Списанието се печати на англиски и турски јазик, со тираж од 72.000 примероци, а просечно на ден го читаат околу 15 000 луѓе или 450-500.000 читатели месечно.
Во тек се подготовките за печатење на списанието „ Пронто“ каде за Охрид ќе биде објавена статија, а репортажи за Охрид се очекува да се објават на страниците на уште 10-тина други туристички магазини во Турција.
Воедно, турските сателитски телевизиски станици, АТВ и Ахабер објавија репортажи за Охрид. Овие популарни телевизиски сателитски канали со милионска гледаност во Турција објавија репортажи кои се емитуваа неколку пати во текот на месец мај оваа година.
Промотивната тура „Охрид 2015“, се одржа од 2 до 5 април во Охрид. На настанот учествуваа претставници на медиуми од Турција, Русија, Словенија и Србија, како и туроператори,туристички агенции и туристички работници од Израел, Унгарија, Украина, Австрија, Бугарија и Србија а имаше и претставници од авиокомпанија „Јетлифе“. Организатор на настанот беше Секторот за туризам и локален економски развој .
OhridNews